домаМакедонијаЕлмази: Исчистена е депонијата во Радуша, се садат садници

Елмази: Исчистена е депонијата во Радуша, се садат садници

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази, објави дека депонијата во Радуша е исчистена, а на ова место се засадени и садници.

Според Елмази, чистењето на депонијата било барање од жителите и едно од ветувањата дадени за време на кампањата. Тој рече дека целта е областа да се трансформира во чиста и зелена површина за заедницата.

„Таму каде што вчера имаше ѓубре, денес садиме живот. Чистењето на депонијата во Радуша беше барање од жителите и ветување што го дадовме за време на кампањата. Денес, тоа барање е исполнето, но не застанавме само на чистење.

Денес засадивме садници на овој простор, со цел местото што некогаш беше симбол на ѓубрето да го претвориме во чист и зелен простор за заедницата“, објави градоначалникот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img