домаМакедонијаКостовски: Над еден милион евра се инвестираат во Скопје Север, се реконструираат...

Костовски: Над еден милион евра се инвестираат во Скопје Север, се реконструираат улици и паркинзи

- Advertisement -spot_img

Реконструкција на главните сообраќајници, уредување на паркинзите и изградба на пристапни патеки до станбените згради се дел од инфраструктурните активности што се реализираат во населбата Скопје Север. За инвестицијата, чија вредност надминува еден милион евра, информираше градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој преку објава на социјалните мрежи соопшти дека станува збор за прва ваква инвестиција во Скопје Север, со која се опфатени најголемите улици и паркинг-простори во населбата.

Костовски посочи дека покрај реконструкцијата на улиците и паркинзите, изградени се и пристапни патеки до влезовите на станбените згради.

„Над еден милион евра за ново лице на Скопје Север! Додека некои зборуваат, ние работиме!“, напиша Костовски.

Тој најави продолжување на инфраструктурните активности, посочувајќи дека фокусот останува на реализација на проекти и подобрување на условите за жителите на оваа населба.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img