домаМакедонијаЛевица: Пациентите со рак враќани од Онкологија, им велат дека паклитаксел нема...

Левица: Пациентите со рак враќани од Онкологија, им велат дека паклитаксел нема да има до Нова година

- Advertisement -spot_img

Пациенти на Клиниката за онкологија повторно се соочуваат со проблем при добивањето на терапијата со паклитаксел, реагираат од партијата Левица. Според објавата, утрово пациенти биле вратени од Клиниката со образложение дека лекот не треба да го очекуваат до Нова година.

Станува збор за цитостатик кој се користи во лекувањето на повеќе видови малигни заболувања и се дава во точно определени временски интервали, како дел од планираните циклуси на хемотерапија. Пациентите кои веќе ја започнале терапијата стравуваат дека нејзиното прекинување или подолго одложување може да влијае врз успешноста на лекувањето и да овозможи прогресија на болеста.

Во партиската објава се предупредува дека не станува збор само за недостиг на еден лек, туку за прекин на веќе започнато лекување кај пациенти кои мора да ги примаат терапиите според медицински утврден распоред.

Паклитакселот е цитостатик кој го попречува процесот на делба на клетките, вклучително и на канцерогените клетки. Времето и распоредот на неговото примање зависат од видот на малигното заболување и терапевтскиот протокол. Евентуалното одложување на циклусите го проценува лекарот што го води лекувањето.

-Онколошките протоколи се строго пресметани според временски интервали (неделно или на 21 ден) за да се постигне максимален ефект. Одложувањето на циклусите за повеќе од 2 до 4 недели директно ја намалува стапката на целосна ремисија. Прекините во дозирањето им овозможуваат на туморските клетки да развијат механизми за отпорност. Кога лекот повторно ќе стане достапен по еден месец, постои ризик туморот повеќе да не реагира на паклитаксел, што ги принудува лекарите да преминат на други, често поагресивни или помалку ефикасни линии на терапија, стои во соопштението на Левица.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img