HomeХроникаЕкс-градоначалник на Делчево заработи пријава за „шминкање“ на јавни набавки

Екс-градоначалник на Делчево заработи пријава за „шминкање“ на јавни набавки

- Advertisement -spot_img

Поранешниот градоначалник на Делчево, Горан Трајковски заработи соочува со кривична пријава поради сомнежи за злоупотреба на службената положба при спроведување јавни набавки.

Според информациите од полицијата, пријавата е поднесена од Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево, а се однесува на договори склучени во 2023 и 2024 година. Трајковски, како градоначалник, потпишал два договори за јавни набавки со економски оператор од Кочани, секој во вредност од по 236.000 денари, со важност од една година.

Во постапката, за седум производи била понудена цена која била и до 12 пати пониска од онаа на другите понудувачи. Наместо да побара дополнително појаснување за невообичаено ниските цени, пријавениот го фаворизирал операторот и му овозможил да ги добие двата договора.

Со тоа, според наводите, на правното лице од Кочани му била овозможена имотна корист, а случајот ќе го расчистуваат надлежните институции.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img