Илјадници вработени во култура криминалната власт ги става под ризик да останат без колективните договори и да се врати состојбата пред 2020 година. Пари во Буџетот нема за да ги следи обврските од Колективниот договор, истакна на прес-конференција Мирче Најдоски од СДСМ.
Прашува, дали, како штѕо ја нарекува, криминалната влада која контролира се во државата, однапред ја знае одлуката на Уставниот суд кој утре треба да одлучува по предметот со кој е оспорен Колективниот договор за културата.
Упати порака дека работничките права не смеат да бидат загрозени, а Уставниот суд не смее да стане продолжена рака на која било власт.
Колективниот договор за култура, вели Најдоски, беше резултат на долгогодишна синдикална борба, преговори и социјален дијалог.
„Тој донесе конкретно подобрување на материјалниот и професионалниот статус на илјадници културни работници.
Наместо укинување на договорот што ги штити нивните права потребно е целосна негова спроведување и реализација. ВМРО-ОКГ треба да разбере дека Колективниот договор не е партиска придобивка. Тој е договор за работничките права.
Доколку постојат правни недоречености, Владата има обврска да понуди законски решенија со кои ќе се гарантираат правата на вработените, а не да остане нем набљудувач додека се отвора можноста за нивно уназадување“.






