домаМакедонијаОд 1 декември, цената на топлинската енергија се зголемува во просек за...

Од 1 декември, цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56%

- Advertisement -spot_img

Од 1 декември, цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56% за домаќинствата што се снабдуваат од ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика, а за корисниците кои се приклучени на мрежата на поранешна топлана Скопје Север, сегашна „Енерџи еколинк“ зголемувањето е за 5,84%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со ова, просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денари.

Од РКЕ велат дека поскапувањето е поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките случувања.

„Одлуката следува откако сите компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинска енергија, што беше донесена во јули, а е на сила од 1 август 2026 година“, велат од РКЕ.

Во Скопје на парно се греат скоро 70.000 потрошувачи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img