Две лица загинаа, а уште три се повредени во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Росоман во близина на селото Радобил. Несреќата се случила попладнево во 17 часот.
Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица.
Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата. СОд МВР известуваат дека по увидот ќе ги соопштат детали.






