Експресната лента за членство на Украина во Европската унија во 2026, како дел од најновите предлозите во мировните разговори за окончување на војната во Украина, може да биде можност и за земјите од Западниот Балкан, вклучително и за Македонија, е ставот на Драган Николиќ, хрватски надворешно-политички новинар и уредник, заменик-шеф на Центарот за европска иднина. Николиќ смета дека по брз прием на Украина, Брисел не би имал повеќе кредибилитет и оправдување да ги држи земјите од регионот надвор од проширувањето и ќе мора да пушти внатре.
„Всушност, во таа една нова стратегија, нов хоризонт, ново пронаоѓање на европската безбедносна структура, сите земји од Западниот Балкан да станат дел од една т.н., тоа јас така го гледам, воена граница, eден вид на безбенодносен, санитарен и воено-економски кордон кон Русија и руската сфера на интерес. Не сметам дека во оваа ситуација Русија лесно ќе се откаже од влијанието врз дневно политичките случувања, не само во Македонија, туку во сите земји од Западниот Балкан“, вели Драган Николиќ, надворешно-политички уредник и новинар од Хрватска.
Конкретно за Македонија, Николиќ, сепак не смета дека таа ќе може да направи какво и да е придвижување без промена на Уставот, со оглед дека се знаат бугарските барања. Според нег, се додека која и да е членка на Унијата има право на вето, работите нема да се поместуваат.
За тоа колку е Европската унија подготвена на проширување, Дејан Шајиновиќ, уредник и новинар од Босна и Херцеговина, смета дека примерот на Македонија покажува колку во еден момент Унијата не беше подготвена на тоа, но колку војната во Украина го има тоа сменето.
„Од геостратешки причини ЕУ сега има интерес да го прими овој регион, бидејќи не сака во регионот некои странски сили, кои не се европски, да носат одлуки во име на Европа, на штета на Европа и европките интереси“, вели Дејан Шајиновиќ, уредник и новинар од Босна и Херцеговина.
Сепак, има повеќе пробелеми кои можат да го попречат тоа, како што се нецелосно спроведени реформи во земјите кандидати, вели Шајиновиќ, меѓу кои и справувањето со корупцијата, кои потоа можат да и направата внатрешни проблеми на Унијата и блокади. Според него. Унијата веќе има проблем со однесувањето на Унгарија, што може повеќекратно да и се зголеми со нови членки.
Вториот проблем, вели Шајиновиќ, е во самата ЕУ, со носењето на одлуки едногласно, што создава резервираност за приме на нови членки пред ЕУ самата да се реформира.
„Што се однесува прием, мислам дека геополитичките околности ќе ја натераат ЕУ, барем во прва фаза, да ја прими Црна Гора. Затоа што Црна Гора е мала земја, нема голем број жители, нема голема економија и може релативно лесно да ја апсорбира, а може лесно да ја прикаже како некаков геополитички успех на ЕУ“, вели Шајиновиќ, уредник и новинар од Босна и Херцеговина.
Шајиновиќ и Николиќ кои беа учесници на конференцијата на „Евротинк“ посветена на поодбрување на медиумското образование, сметаат дека на Унијата и треба успех во регионот за да каже дека сите години, пари кои ги поторшила и енергија која ја вложила, дале резултат.
Може да се случи, смета Шајиновиќ, Црна Гора да стане членка и пред Унијата да направи реформата, како демонстрација дека таа сепак нешто направила во Западниот Балкан.







