домаМакедонијаБрвеница избира градоначалник – во вториот круг се соочуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ...

Брвеница избира градоначалник – во вториот круг се соочуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ

- Advertisement -spot_img

Жителите на Општина Брвеница денеска избираат градоначалник во вториот круг од предвремените локални избори. Во трката се Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахији од ДУИ.

Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето ќе трае до 19 часот. Во Избирачкиот список се запишани 16.256 граѓани со право на глас, меѓу кои 449 се на привремена работа во странство, додека деветмина се во затвор или притвор.

Во првиот круг гласаа 7.565 граѓани, односно 46,56 отсто од запишаните избирачи.

За победник во вториот круг ќе биде прогласен кандидатот што ќе освои повеќе гласови. Доколку од која било причина не биде избран градоначалник, надлежната изборна комисија има рок од 15 дена да ја извести Владата.

Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги објавува првичните резултати добиени по електронски пат како што ќе пристигнуваат. Резултатите врз основа на записниците од Општинската изборна комисија треба да бидат објавени најдоцна 12 часа по завршувањето на гласањето.

Општинската изборна комисија, пак, има обврска да ги објави првичните резултати во рок од седум часа по затворањето на избирачките места, да ги истакне на општинската огласна табла и да ја информира јавноста.

Конечните резултати ДИК ги објавува веднаш по нивната конечност, а најдоцна во рок од 24 часа.

Предвремените избори во Брвеница беа распишани по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава, на 58-годишна возраст. Во изминатите месеци со општината привремено раководеше Роберт Милошески, како вршител на должноста градоначалник.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img