Уште и пред отврањето на гласачките места колоните навестуваа дека ова ќе биде прилично висок одзив на гласачите во Србија, изјави во Топ Тема професорот Васко Наумовски.
Како излегуваа податоците за излезноста покажуваа дека удвоен беше бројот на гласачите до 9, 12 и 15 часот..Имајки предвид дека самата владејачка партија на Вучиќ не можеше да обезбеди доплнителен број на гласачи, беше јасно дека сите оние што се гласачи овој пат, а не гласале минатиот пат. Се гласачи за Студентската листа. Дополнително го зголеми одзивот, гласањето на дијаспората, начинот на кој власта во Србија се обиде да го намали тој број, дополнително придонесе да се згоелми излезноста таму и сите оние сцени кои што пристигнуваа во првите часови на гласањето кажуваа дека високата излезност нема да му оди во прилог на Вучиќ, кажа Наумовски.






