15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветБремена жена е пронајдена мртва под бетонска плоча- страшни детали за експлозијата...

Бремена жена е пронајдена мртва под бетонска плоча- страшни детали за експлозијата во Букурешт (ВИДЕО)

- Advertisement -spot_img

Жената е 24-годишна трудница, според „Антена обзерватор“.

Досега се пронајдени три жртви во експлозијата што утрово го потресе романскиот главен град, додека најмалку 17 лица се повредени. Исто така, се наведува дека една од жртвите била фрлена повеќе од 50 метри од силата на експлозијата и удрила во ѕидот на соседната станбена зграда.

Поради силата на експлозијата, постои ризик од уривање на станбената зграда во Букурешт, па властите ги евакуирале жителите и им забраниле да се вратат во зградата.

На социјалните мрежи се појави и видео од моментот на експлозијата.

Според извештаите, петтиот и шестиот кат биле речиси уништени, а жителите на таа и околните згради што биле оштетени веруваат дека причината е истекување на гас. Оваа информација не е официјално потврдена, но жителите велат дека веќе неколку дена чувствувале мирис на гас, дека била затворена и дека утрово забележале двајца работници кои работеле на приклучокот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img