Во текот на денешниот ден до граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи, со известување дека „даночниот поврат е подготвен“ и со приложен линк, предупреди УЈП.
„Доколку ја добиете оваа порака, не го отворајте линкот и не внесувајте лични, банкарски или други чувствителни податоци. Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.“, алармира Управата.
УЈП ги повикува граѓаните сите информации поврзани со институцијата да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на Управата за јавни приходи, односно преку официјалната веб-страница www.ujp.gov.mk, официјалните е-услуги и официјално објавените контакт-адреси и телефонски броеви.






