домаМакедонијаПехчево го отфрли проектот за дата-центар, сите девет советници гласаа против

Пехчево го отфрли проектот за дата-центар, сите девет советници гласаа против

- Advertisement -spot_img

Советот на Општина Пехчево едногласно ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар. На денешната седница сите девет советници гласаа против предлогот.

Против се изјаснија пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тројца од СДСМ и коалицијата и еден советник од Движењето ЗНАМ.

Одлуката следува по повеќенеделни реакции во јавноста поврзани со проектот. Меѓу главните забелешки беа недоволните информации за инвеститорот, потрошувачката на вода и електрична енергија и можните последици врз животната средина.

Против проектот реагираа и граѓански активисти, како и ДОМ и Левица, кои бараа поголема транспарентност и вклучување на граѓаните и стручната јавност во постапката.

По расправата, советничките групи порачаа дека за идни инвестиции од ваков тип треба да има целосни информации, стручни анализи и транспарентна постапка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img