15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаБожиновска: Зелени извори и ефикасни политики за енергетска стабилност

Божиновска: Зелени извори и ефикасни политики за енергетска стабилност

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, на панелот „Жени во енергетиката“ во рамки на Конференцијата „Јас сум жена“ истакна дека визијата на Министерството е Македонија да биде земја која произведува доволно енергија за сопствени потреби, со поголем дел од капацитетите од обновливи извори, модерна и дигитализирана мрежа и интегрирана во европската енергетска архитектура.

– Македонија треба да биде енергетски стабилна за граѓаните и компаниите, но и доверлив партнер во регионот. Енергетската дипломатија е алатка за постигнување на оваа цел преку соработка, доверба и заеднички проекти и инвестиции со соседите – рече Божиновска.

Министерката објасни дека градењето на ново Министерство за енергетика било како градење куќа – здрави темели со визија, структура и луѓе, ѕидови од процеси и тимови, и покрив од вредности кои ја заштитуваат институцијата. Таа нагласи дека професионалноста, компетентноста, транспарентноста и отчетноста кон граѓаните се вградени во темелите на министерството, како и визијата за одржлива иднина усогласена со европските зелени цели.

Божиновска потенцира дека најголемите предизвици во енергетските реформи се староста и неефикасноста на инфраструктурата, финансирањето, регулаторната рамка и човечкиот фактор. – Транзицијата кон нов енергетски модел бара инвестиции, обучени кадри и култура на одговорност – рече таа.

Министерката најави продолжување на проектите за фотоволтаични и ветерни капацитети, модернизација на електропреносната и дистрибутивната мрежа, нови закони и стратегии за поголеми приватни инвестиции, како и програми за енергетска ефикасност во домаќинствата и јавните институции.

Божиновска го истакна значењето на енергетската дипломатија и регионалната соработка за стабилност на системот и сигурност на снабдувањето, при што приоритет е прекуграничното поврзување на електропреносната и гасоводната мрежа и усогласување на пазарните правила и регулативи.

Министерката се осврна и на заштитата на македонскиот рубин, уникатен геолошки ресурс во Европа, како дел од националното богатство и природна гордост. – Ова е само почеток на поголем процес на заштита, вреднување и меѓународна промоција на македонското минерално богатство – рече Божиновска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img