Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при претрес во неговиот дом пронашла марихуана.
„На 03.11.2026 година, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.С. (27) од Прилеп. При извршен претрес во неговиот дом и помошните простории во Прилеп, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.






