Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски продолжува со интензивни средби со членовите и месните комитети, со цел зајакнување на партиската организација и директна комуникација со граѓаните.
Во рамки на активностите, Андоновски оствари средби со членовите на Месниот комитет Џамиџит Маало и Месниот комитет Дутлок, при што беше разговарано за актуелните предизвици, идните активности и очекувањата на членството.
„Продолжуваме напред, обединети и решителни да ги реализираме очекувањата на членовите. Поддршката и позитивната енергија што ја добиваме од терен се наш мотив да продолжиме уште посилно“, порача Андоновски.
Од Општинскиот комитет истакнуваат дека ваквите средби ќе продолжат и во наредниот период, со фокус на поголема вклученост на членството и подготовка на идните активности на партијата.
https://www.facebook.com/share/p/1EcfRcaNec/








