домаМакедонијаСтакло од излог падна врз две девојчиња, итно пренесени во болница

Стакло од излог падна врз две девојчиња, итно пренесени во болница

- Advertisement -spot_img

Две девојчиња биле повредени во центарот на Битола, откако големо стакло од излогот на Одделението за водење матични книги се скршило и паднало на улицата.

Според информациите од очевидци, инцидентот се случил поради силниот ветер, кој предизвикал кршење и паѓање на стаклото од излогот на објектот.

Повредените девојчиња веднаш биле преземени од екипа на Брзата помош и пренесени во Клиничката болница во Битола, каде што им била укажана медицинска помош.

На местото на настанот пристигнале и полициски екипи, кои презеле активности за утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.

Засега нема дополнителни информации за тежината на повредите на двете девојчиња.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img