домаСветМерц откри кој би можеч да ја претставува Европа во преговорите за...

Мерц откри кој би можеч да ја претставува Европа во преговорите за Украина

- Advertisement -spot_img

Пет земји би можеле да ја претставуваат Европа во мировните преговори за Украина, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Тој оцени дека веќе постои докажан формат на соработка меѓу три европски земји, познат како Е3.

„Делумно работиме на ова прашање и во формат од пет земји – Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Полска. Не гледам проблем со тоа соработката да продолжи на овој начин“, истакна Мерц, пренесуваат медиумите.

Германскиот канцелар изјави и дека Русија е подготвена да преговара со Европа, и покрај, како што рече, дипломатскиот застој.

Претходно, американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер најавија дека европските претставници би можеле да се приклучат на следната рунда преговори за решавање на конфликтот во Украина.

Виткоф и Кушнер во четвртокот наутро пристигнаа во Москва, по учеството на трилатералните разговори меѓу Русија, САД и Украина во Абу Даби. Во Кремљ се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин, по што отпатуваа во Даблин на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img