домаМакедонијаБожиновска Силјановска: Бесплатна правна помош, само ако жртвите имаат примања во рамки...

Божиновска Силјановска: Бесплатна правна помош, само ако жртвите имаат примања во рамки на минимална плата

- Advertisement -spot_img

Претседателката на македонското Здружение на млади правници, Бојана Божиновска Силјановска во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ порача дека секој граѓанин има можност да побара бесплатна правна помош, но за искористување на правото, примањата на жртвата треба да биде во рамки на минималната плата.

„Што значи дека жртвите што имаат голем финансиски товар, деца, дом, итн., само ако се малку над тој праг во суштина нема да добијат бесплатна правна помош за да си ги остварат своите права“, истакна Бојана Божиновска Силјановска.

Проблеми од различни типови се детектираат во институциите, истакна адвокатката Катерина Котеска Стисниовска.

„Не можеме да избегаме од фактот дека живееме во мала средина, каде што се познаваме сите меѓусебе. каде што сите меѓусебе можеме да издејствуваме протекција, врски, итн. Влијае можеби и политичкиот притисок, можеби и други фактори, меѓутоа соработката меѓу институциите треба да биде на повисоко ниво. Но, институциите треба да бидат поставени и со вистински луѓе на определени позиции, да имаат соодветна обука, да имаат соодветно искуство, да имаат соодветен интегритет, да имаат човечност за работење на овие проблеми“, нагласи Котеска Стисниовска.

Таа додаде дека кога не бил изречен краткотраен притвор за случајот во Охрид за потоа да биде изречен, се доаѓа во ситуација дека одлуки ќе се носат врз основа на јавноста, што, пак, како што рече, „доаѓаме во ситуација и правда да се бара врз основа на притисок на јавноста, што не смее да биде случај“.

„Значи не смее една жртва или било кој обесправен да заглави во некој лавиринт од икс определени причини за потоа да дојде во ситуација да ја бара правдата со јавен притисок врз некоја институција“, додаде Котеска Стисниовска.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img