домаМакедонијаУЈП објави нова листа на должници: Над 5.200 граѓани и компании должат...

УЈП објави нова листа на должници: Над 5.200 граѓани и компании должат повеќе од 14 милијарди денари

- Advertisement -spot_img

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата ноемвриска листа на должници, на која се наоѓаат вкупно 5.200 граѓани и компании со неплатени даночни и царински обврски.

Според податоците на УЈП, на листата има 2.006 правни лица и 3.194 физички лица со доспеани обврски до 31 јули 2026 година, кои не биле подмирени заклучно со 31 октомври.

Вкупниот нето-долг на должниците достигнува 14.024.931.031 денари, што е за 83,15 милиони денари повеќе во споредба со претходната листа. Воедно, бројот на должници е зголемен за 60.

Најголемиот дел од долгот се однесува на неплатени даноци и придонеси, во износ од 13,78 милијарди денари, додека долгот по основ на царински давачки изнесува 240,9 милиони денари.

Во извештајот се наведува и дека во септември 2026 година обврска за исплата на плата имале 74.782 работодавачи за 553.040 вработени. До законскиот рок плата исплатиле 49.439 работодавачи, односно 66,11 проценти, со што биле покриени придонесите за 481.003 вработени или 86,97 проценти од вкупниот број.

Кај данокот на додадена вредност, 98,5 проценти од месечните и 97 проценти од тримесечните обврзници ги поднеле пријавите во законскиот рок. Обврска за уплата на ДДВ пријавиле 21.061 даночен обврзник во вкупен износ од 5,578 милијарди денари, но во законскиот рок биле уплатени 2,542 милијарди денари, што претставува 45,6 проценти од пријавениот износ.

УЈП потсетува дека на листата се објавуваат физички лица и самостојни вршители на дејност со долг над 120.000 денари, како и правни лица со долг повисок од 300.000 денари, согласно Законот за даночна постапка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img