домаМакедонијаЗдравствениот систем пред предизвици - нееднаков пристап до лекување и недоволна превенција

Здравствениот систем пред предизвици – нееднаков пристап до лекување и недоволна превенција

- Advertisement -spot_img

Чекање по ходници, бркање врски – како функционира здравствениот систем, секој почувствувал. Граѓаните над 40 % од прегледите и терапијата ги плаќаат од свој џеб.

Освен на пациентите, лекување му треба и на здравството, стои во последниот извештај од Брисел.

Во 21 век, во Македонија сите луѓе немаат еднаков пристап до лекар, преглед, терапија, вели Атанас Аврамов, кој години наназад го следи здравството на терен.

Новиот закон за пушење предизвика лавина реакции, но Брисел реагира за стариот.

Аврамов, како активист за човекови права, во пресрет на 1 декември – Светскиот ден за заштита од ХИВ и СИДА, вели дека годинава се откриени 56 нови пациенти, меѓу кои и млади од 15 до 19 години.

Седум лица починале годинава. Според него, ако се спроведе повеќегодишна набавка на лековите за овие пациенти, тоа ќе овозможи да имаат повеќе пари за превенција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img