домаМакедонијаГрадежниот сектор на вонреден состанок за најавената мерка за поевтини станови за...

Градежниот сектор на вонреден состанок за најавената мерка за поевтини станови за младите

- Advertisement -spot_img

Градежниот сектор во понеделник ќе одржи вонреден состанок по најавите на владата дека ќе им наложи дел од новоизградените станови да ги продаваат по пониска цена од 20 отсто. Информациите до кои дојде Телевизија 24 велат дека, за градежниците мерката која се подготвува на Илинденска е со многу недоречености и е крајно збунувачка. Дел од нејаснотиите за компаниите кои градат згради низ земјава се однесуваат на тоа како ќе се одредува кој стан од зградата ќе се продава поевтино од останатите, дали ќе може да аплицира млад човек до 35 годишна возраст кој не е во браќ без разлика дали планира да стапи или не. А не се исклучуваат и можности за манипулации и изигрување на мерката, станот поевтино да се купи а потоа по брза попстапка да се продаде по повисока цена. Дел од коментарите се однесуваат и на тоа, поевтините станови кои ќе бидат опфатени со мерката ќе се продаваат без основните елементи со кои се продаваат на пример паркет или ламинат.

Телевизија 24 за дел од овие дилеми исптати прашања до владата, но до почеток на овие вести одговор не добивме.

Инаку планот на властите е млад брачен пар до 35 години или најмалку еден член во таа брачна заедница да има возраст до 35 години ќе се стекне со право да користи 20% попуст на станбена површина споредено со просекот од претходната година за таа катастарска општина. Според првичниот план градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба доколку уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои 10% од станбена, минимум 10% не предвиди за новата мерка за поевтини станови.

Пред да биде објавена оваа мерка претседателот на градежната комора Ивица Јакимовски за тв 24 изјави дека во јавноста има погрешна перцепција дека цената на становите е превисока.

Тон Ивица Јакимовски претседател на Градежна Комора

„Перцепцијата која се наметнува и се бутка со сила е апсурт. Ако е продаден стан во централно градско подрачје во зависност од тоа што влегува во него како додатна опрема и добива одредена вредност, затоа што ние како јавност комуницираме исклучиво квадрат а не што влегува во тој квадрат. Ако возило во Македонија се продаде за 400 илјади евра, дали сите возила се 400 илјади евра.“

А како втор дел од најавените мерки за младите брачни парови е дека ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии оние кои ќе одлучат да градат куќа.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img