домаМакедонијаРеакциите по вчерашната одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 78-љ...

Реакциите по вчерашната одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 78-љ од законот за култура

- Advertisement -spot_img

Не стивнуваат реакциите по вчерашните протести но и одлуката на Уставниот суд кој го укина членот 78-љ од Законот за култура, како и на Колективниот договор за вработените во културата во целина со објаснение дека постојниот Закон за култура не содржи соодветна методологија за утврдување на платите, која треба да биде дефинирана со закон, а дополнително разработена преку колективен договор. Во реакцијата на синдикатот и денеска особено со критика на адртеса на уставната судијка Татјана Васиќ Бозаџиева

Уставниот судија Татјана Васиќ-Бозаџиева.

Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и одбранила магистерски труд кај проф. д-р Родна Живковска, неколку месеци пред да биде назначена за уставен судија. Од јули 2019 до септември 2020 година се вратила во Министерството за правда како државен советник за евроинтеграции.Од септември 2020 до јануари 2022 година работела во Министерството за здравство како посебен советник за правни прашање . Имено, Татјана Васиќ-Бозаџиева, која е назначена за уставен судија во Уставниот суд, НЕМА НИТУ ЕДЕН ДЕН ПОМИНАТО КАКО ПРАВНИК ВО СУД. Информацијата е декларирана од говорницата на Законодавниот дом, Собранието, при нејзиното назначување.

И дел од партиите денеска со реакции . Од СДСМ и денска обвинија дека Уставниот суд рабортел како штоп велат под налог на актуелната власт која со вакввите одлуки ги деградира културните работници

И Од Левица пак во реакцијата наведуваа

Уставниот суд постави опасен преседан и ги погази работничките права на над 2.000 културни работници во Македонија. Го укина Колективниот договор кој им гарантираше утврден начин на пресметување на платите, коефициенти според сложеноста на работните места, додатоци на плата, платени отсуства за стручно усовршување и други права од работниот однос. Овој договор беше резултат на синдикално извојувани права и механизам за заштита на вработените во 123 културни институции.

Со реакцвии а во поддршка на културните работници се јавија и Синдикатот на новинари но и УПОС .

Одлуката на Уставниот суд ќе пoчне да важи од 1 април 2027 година, со што на надлежните институции и синдикатите им се остава простор за постигнување ново, законски издржано решение за пресметување на платите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img