домаМакедонијаСите патишта се проодни, механизацијата активно го чисти снегот низ државата

Сите патишта се проодни, механизацијата активно го чисти снегот низ државата

- Advertisement -spot_img

Информираме дека сите државни и регионални патишта низ државата се проодни за сообраќај, а истиот се одвива по влажни коловози.

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со сите расположливи ресурси на терен активно работи во чистење на патиштата и создавање на услови за непрекинато одвивање на сообраќајот низ цела Македонија.

Информираме дека ангажирани се сите дежурни екипи на сите критични превои.
Исто така подготвена е цела механизација, потребен број на работници и обезбедни се потребните количества на сол и ризла со цел одржување на непрекинат и безбеден сообраќај.

Упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот, да возат внимателно, да ја прилагодуваат брзината според условите на патиштата, задолжително да поседуваат зимска опрема и возењето да го прилагодат согласно временските услови на патот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img