домаМакедонијаМора да има комуникација меѓу институциите, но не и интервенции во конкретни...

Мора да има комуникација меѓу институциите, но не и интервенции во конкретни предмети, нагласи Хаџи Василева

- Advertisement -spot_img

Новоизбраната раководителка на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева вели дека мора да има комуникација меѓу институциите, но не и интервенции во конкретни предмети, дури и доколку и се јави премиер.Уверува дека ќе биде отпорна на притисоци, формално функцијата ќе ја преземе во наредните две недели.

Притисоците се дел од обвинителската професија, но отпорноста и личниот интегритет се клучни за независно работење, порача новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева. Очекува обвинителите да постават јасна граница и да не дозволат надворешни влијанија и притисоци да ги диктираат нивните одлуки. Хаџи Василева одговарајќи на прашањето како би постапила доколку добие телефонски повик од носител на висока државна функција, вклучително и од премиерот, со став – комуникацијата меѓу институциите е нормална и потребна, но, интервенциите во обвинителските постапки се неприфатливи.

„Органите, институциите државни не е ништо спорно да соработуваат и тоа веројатно е дел од исто така нешто што е природно, логично и разумно и се случува секаде. Ако мислите на некакви интервенции или ургенции, тоа е веќе друго прашање и се разбира дека ние сме според уставот самостојни и одлучуваме врз основа на право, факти и докази“, изјави Искра Хаџи Василева – обвинителка во ОЈО ГОКК.

Новата раководителка на ОЈО ГОКК функцијата формално ќе ја преземе по завршувањето на законските процедури, во наредните две недели. Во првите чекори најавува фокус на организациските прашања и подобрување на ефикасноста на кривичниот прогон.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img