домаМакедонијаНад 8.500 граѓани гласаа во Брвеница – излезноста достигна 52,90 отсто

Над 8.500 граѓани гласаа во Брвеница – излезноста достигна 52,90 отсто

- Advertisement -spot_img

Зголемен одѕив на гласачите е регистриран во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според податоците на Државната изборна комисија, до 18:30 часот своето избирачко право го искористиле 8.595 граѓани, односно 52,90 отсто од запишаните избирачи.

Податоците се обработени од сите 24 избирачки места, а во споредба со првиот изборен круг, излезноста е повисока за 8,33 процентни поени.

Од ДИК информираат дека во текот на изборниот ден биле поднесени три приговори за заштита на избирачкото право. Сите биле прифатени, по што на подносителите им било овозможено да гласаат.

Избирачките места се затворија во 19 часот, а првичните неофицијални резултати се очекуваат по 20 часот, по обработката на податоците од гласањето.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img