Во настап на поткаст Килијан Мбапе изјави дека најсмешно му било кога на неговото тело ја монтирале главата ка кинескиот дикататор Мао Це Тунг… Таа изјава во Кина се доживеа како навреда на нивните вредности и историја и одговорот уследи моментално – три големи псонзори, меѓу кои е еден од најголемите кинески авто брендови Донгфенг, на Мбапе му откажаа соработка.
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе денес се извини за коментарите во кои се чини дека го нарече кинескиот лидер Мао Це Тунг диктатор, но тоа не менува ништо. За Кинезите тој е непожелен лик.
„Мојата изјава беше непромислена и сега разбирам дека повреди многу луѓе во Кина и кинеските заедници низ целиот свет. Се извинувам на секој што беше вознемирен од моите зборови. Апсолутно не ми беше намерата. Длабоко го почитувам кинескиот народ и неговата историја и навистина ми е жал“, рече Мбапе во соопштение објавено и на кинески.







