домаМакедонијаСлавески: Лимитот од 10.000 денари за повлекување на готовина од Алта Банка...

Славески: Лимитот од 10.000 денари за повлекување на готовина од Алта Банка Битола е неделен, тоа е повеќе од доволно, бидејќи имаме вонредна ситуација за која треба трпение

- Advertisement -spot_img

Лимитот од 10.000 денари за повлекување готовина од Алта Банка Битола е неделен, вчера заврши неделата, доколку некој го искористил правото да подигне 30.000 денари кога можеше, во ноември ќе има пет можности, значи во пет недели по 10.000 денари, тоа се 50.000 денари, рече гувернерот на Народната Банка, Трајко Славески во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тоа е повеќе од доволно, затоа што имаме вонредна ситуација во која што треба трпение за банката…“, додаде гувернерот Славески.

Граѓаните, како што вели, „треба да бидат сигурни, да веруваат во институциите, дека нивните заштеди се наоѓаат на нивните сметки и дека тие имаат целосна гаранција дека заштедите нема никој да им ги одземе“.

„Располагањето е ограничено во еден ограничен временски период во кој што треба оваа состојба да се надмине“, нагласи Славески.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img