Почина Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите, поранешен пратеник и министер без ресор. Веста за неговата смрт ја објави порталот „Рома прес“.
Ибраимовски беше заменик-министер за труд и социјална политика од 2004 до 2006 година, пратеник во Собранието и министер без ресор во Владата на Зоран Заев. Со години беше активен во политичкиот живот, застапувајќи ги правата и интересите на ромската заедница.






