Д-р Зоран Атанасов, поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на својот Фејсбук профил објави анализа за состојбите со овчата сипаница кај овците и козите при тоа вели дека економската штета кај сточарите е над 1,4 милиони евра. Анализата на Атанасов ви ја пренесуваме во целост .
Додека некој сака црното да го прикаже бело, да спомнеме неколку факти за состојбата со болеста “Сипаници кај овците и козите “ во Македонија.
Првпат во Р.С.Македонија болеста е дијагностички и лабораториски потврдена во Јануари 2026 година;
Во јули веќе е лабораториски потврдена во 4 ( четри) од 8 ( осум) региони на државата ( официјална регионилизација) т.е . на половина од територијата на државта; Во месец јули веќе е јасно дека институциите не можат да ја контролират состојбата со ширењето на болеста т.е. не се применуваат во пракса соодветните и пропишаните мерки за спречување на ширењето на болеста;
На 17 Август, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку соопштение ја известува јавноста дека ќе се прејде на вакцинација на овците и козите против болеста и за таа цел веќе договорила донација на 500.000 вакцини од Р.Турција и вакцините се на пат кон Македонија. ИНАКУ, ВРЕМЕТО ОД НАРАЧКА ДО ПРОИЗВЕДЕНА ВАКЦИНА Е 3 (ТРИ ) ДО 6 (ШЕСТ) НЕДЕЛИ.
Ако вакцината е нарачана на 17 Август истата во Македонија би требала да биде најдоцна до 1 или 5 Октомври;
Во соопштението од АХВ не се спомнува доставен план за вакцинација до Европската комисија, туку дека со стручни лица од европската комисија ќе се изработи таков план. Јавноста треба да знае дека АХВ има официјален докумен “ План за итни мерки при појава на сипаници кај овците и козите” донесен уште 2019 година ( можете и денес да го видите на официјалната страница на агенцијата) и во кој јасно е напишано кој и како ги донесува мерките за сузбивање на болеста меѓу кои е предвидено и изработка и донесување план за итна вакцинација против болеста.
На 5 октомври министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство дава изјава дека се одобрени ( во некои медиуми пренесено дека се пристигнати) 450.000 дози од вакцината од страна на Европската комисија и дека во наредните денови ќе се седне и договори со сточарите и ќе се направи план со нив и стручни лица од европската комисија како ќе се спроведе вакцинацијата.
Инаку, Европската комисија пред да даде согласност за вакцинација и одобри донација на вакцина прво бара да доставите “План за вакцинација” кој треба да е согласно ЕУ регулативите ( за појаснување планот треба да ги содржи активностите кои АХВ ги опишува во “Предлог законот за здравствена заштита на животните” кој може да го прочитате на ЕНЕР и по повод истиот пред некој ден имаше и организирана јавна дебата);
На 10 октомври министерот на МЗШВ вели дека вакцината ќе пристигне на 11 или 12 октомври и повторува дека ќе има средба ( состанок) со сточарите како ќе се спроведе вакцинацијата.
Факти кои треба да ги знаеме:
– производната цена на една доза од вакцината во Турција е 2,73 турски лири или околу 3 денари на ова цена треба да се додадат даноците и другите манипулативни трошоци. ( 450.000 х 3 = 1.350.000 ден + други трошоци);
-пазарната вредност на една овца/ коза е помеѓу 150 -300 евра или 9.000-18.000 денари;
– до 28 Август 2026 г. пријавени приемчиви животни на болеста каде е потврдена болеста се 9.618 грла, од нив се уништени 4.948 грла ( според WAHIS системот на Светската организација за здравствена заштита на животните) Незнам зошто од Август, кога е последната пријава во WAHIS до денес не се уништени и останатите приемчиви животни до бројката 9.618, бидејќи е спротивно на сите меѓународни прописи за спречување на ширење на болеста.
-досега економската штета само во губиток на животните без изгубена добивка од 3.000 ден субвенција по грло, производство на млеко/сирење и јагне е околу 1.403.000 евра или 86.562.000 денари ако сите овци и кози се проценети на вредност од 9.000 денари.
Затоа сами по себе се наметнуваат неколку прашања:
-зошто уште во јули не е извршена набавка на вакцината која државата би ја платила околу 1.700.000 – 2.000.000 денари со сите трошоци ( околу 26.000-30.000 Евра)?
– дали се пристигнати ветените и долго најавувани вакцини?
– зошто Планот за вакцинација не е достапен до јавноста ( парите се нивни), стручната фела и сточарите?
– кога ќе се одржи состанокот со сточарите?
– кога ќе започне долго очекуваната вакцинација?
– ќе има ли одговорност за лошото управување при спречувањето на ширењето и искоренувањето на болеста и нанесената штета на буџетот на РСМ (околу 90.000.000 денари или 1.500.000 Евра)?






