Со нетрпение се очекува големото, вечното дерби меѓу РК Вардар и РК Пелистер. Од мечот од 9.коло, кој се игра во недела (18.45 часот) во салата “Јане Сандански“, секако дека се очекува спектакл ако се знае дека се среќаваат најтрофејните клубови во Македонија.
Вардар мега – дербито го пречекува со перфектен скор, додека Пелистер има само едно реми и се друго се победи.
Од раководството на Вардар предмалку искочија со информација дека билетите за неделниот дуел се пуштени во продажба и тие чинат од 300 до 500 денари.






