Претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Хаџиу, денеска ќе престојува во посета на македонското Собрание.
Како што информира собраниската прес-служба, по пречекот со високи државни и воени почести, Хаџиу ќе оствари тет-а- тет средба со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, и делегација, и ќе се потпише во Книга на впечатоци.






