Газдата на „Пулс“, Дејан Јованов прдложен како сведок од страна на обвинетиот Боби Гидиоски. Продолжи судењето против деветмината полициски службеници кои се обвинети во предметот поврзан со „Пулс“ – Кочани. Одбраната на обвинетите денеска ги образложуваше предлог – доказите од доказните листи.
Одбраната на Гидиоски, адвокатот Бранко Колев посочи дека предложениот сведок, Јованов, треба да се изјасни за околностите, за како што вели Обвинителството, дали се стекнал со противправна имотна корист и дали имал контакти и се познавал со обвинетиот Боби Гидиоски.
Бранко Колев – адвокат: „Од материјалните предложивме околу шеснаесет документи, додека од вербалните осум сведоци, меѓу кои е и Дејан Јованов – Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“. Дел од документите се однесуваат на работењето на МВР, односно СВР Штип, додека останатиот дел се однесува на проблемска информација која што е прикриена од обвинетиот Боби Гидиовски како началник на СВР Штип, а која проблемска информација е доставена за проблемите во дискотеката „Пулс“ кои ОВР Кочани ги имале во Кочани, меѓутоа таа проблемска информација е прикриена од обвинетиот на кој јас сум бранител.“
Застапничката на обвинението Спасенка Андонова, најави дека ќе се произнесе за секој предложен доказ на утрешното рочиште.
Според Обвинителството, деветтмината полициски службеници не ги извршиле целосно потребните проверки за исполнување на безбедносните и законските услови, со што му овозможиле на објектот да добие и да користи лиценца за работа.
Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова.






