домаМакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните...

Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните

- Advertisement -spot_img

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (30.10.2026), заедно со дел од раководителите на централните служби на БЈБ, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Во фокусот на средбата беше актуелната безбедносна состојба, со посебен акцент на претстојните предвремени локални избори во Општина Брвеница. Беше констатирано дека состојбата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни оперативни и безбедносни мерки за непречено одвивање на изборниот процес, заштита на избирачкото право и безбеден транспорт на изборниот материјал.

Директорот Јанев нагласи дека полицијата има обврска да обезбеди услови во кои секој граѓанин слободно и без притисоци ќе може да го оствари своето демократско право на глас, потенцирајќи дека нема да има толеранција за криминал, заплашување или каков било обид за нарушување на изборниот процес.

На средбата се разговараше и за унапредување на оперативно-аналитичкото работење, размената на информации и координацијата меѓу централните и регионалните организациски единици, функционирањето на регионалниот интервентен тим, како и за соработката меѓу граничната полиција и СВР Тетово. Посебен акцент беше ставен и на активностите за сузбивање на недозволената трговија со дрога.

Беа разгледани и условите за работа на полициските службеници и можностите за унапредување на ефикасноста преку примена на современи технологии и дигитални алатки, со цел подобро искористување на ресурсите и побрз одговор на безбедносните предизвици.

Јанев истакна дека Бирото за јавна безбедност ќе продолжи со зајакнување на оперативните капацитети, непосредната координација и професионалното постапување, во интерес на безбедноста на граѓаните и доследното почитување на законите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img