домаМакедонијаНови цени на водата во Тетово – Зекири: Градот со најевтина вода...

Нови цени на водата во Тетово – Зекири: Градот со најевтина вода во државата

- Advertisement -spot_img

Со одлука на Општинскиот совет, во Тетово е одобрено регулирањето на цената на водата. Сепак, според директорот на Јавното комунално претпријатие „Шари“, Валон Зекири, цената ќе претрпи зголемување од само околу 2 денари во текот на следните три години, со што се штити буџетот на граѓаните.

Тој нагласува дека Регулаторната комисија предложила просечна цена од 24 денари, но Управниот одбор на претпријатието одлучил да ја примени минималната тарифа.

„Регулаторната комисија ни одреди просечна цена од 24 денари. Ние како претпријатие имаме право, со внатрешниот совет… да одиме со максимална или минимална цена. И ние одлучивме да не го оптоваруваме џебот на граѓанинот, цената за фактурирање на водата кон граѓаните да биде што е можно поправична и поевтина, па одлучивме да одиме со минимална цена, која е некаде околу 22 денари“, порача Валон Зекири.

Во однос на финансискиот ефект врз тетовските семејства, од претпријатието објаснуваат дека тоа значи промена од околу 40 денари месечно на нивните сметки. И покрај ова мало зголемување, ЈКП „Шари“ нагласува дека Тетово продолжува да има една од најевтините цени на водата на републичко ниво.

„Граѓанин кој троши некаде околу 21 кубен метар месечно, ако плаќал 400 до 420 денари, ќе треба да плаќа некаде од 460 до 470 денари максимум. Во споредба со сите градови на републичко ниво, верувам дека градот Тетово ја има најевтината вода на републичко ниво, ако направиме споредба со градот Охрид, каде што цената е 70 денари за кубен метар, додека во градот Тетово е 22,5 денари за кубен метар“, вели Валон Зекири.

Во моментов, градот Тетово се снабдува со околу 320 литри вода во секунда, количина која се смета за доволна за овој период од годината, кога нема присуство на иселениците.

Од претпријатието информираат и дека најавените врнежи од дожд во текот на следните денови се очекува дополнително да ја подобрат состојбата и редовното снабдување на граѓаните со вода за пиење.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img