домаМакедонијаДелови од Тетово и повеќе тетовски села утре без електрична енергија

Делови од Тетово и повеќе тетовски села утре без електрична енергија

- Advertisement -spot_img

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има утре, 28 октомври, во Тетово и во повеќе населени места во Тетовско.

Од 08:25 до 10:00 часот, без струја ќе бидат индустриските зони во Неготино и Градец, селото Пирок, како и индустриските зони во Жеровјане и Пирок.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин е најавен за објектите во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ на влезот во Скопје. Во истиот термин, без електрична енергија ќе биде и дел од селото Брвеница, на влезот од Тетово кај „Визион Коле“.

Од 09:15 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има на излезот од селото Желино кон стариот пат за Скопје, како и во селата Групчин, Ново Село, Церово, Копачин Дол, Рогле, Мерово, Седларево, Гургурница и Луковица.

Од 11:30 до 13:15 часот, без струја ќе бидат објекти кај Старата млекара, во населбите Фуштанска и Циглана, во селото Порој, како и објектите на „Млин Порој“, „Згими“, „Нера Пласт“, „Микели“, „Сувафикс“, „ХПП Брза Вода“ и во селото Ѓермо.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img