Четириесетгодишен државјанин на Албанија бил приведен откако полицијата во неговото возило открила осум мигранти од Авганистан, меѓу кои и две малолетни лица.
Случајот бил откриен вчера околу 12:35 часот на регионалниот пат Демир Капија–Неготино, во близина на локалитетот познат како „Острово“, кога полициски службеници запреле автомобил „Фолксваген Туран“ со албански регистарски ознаки.
Со возилото управувал П.М. (40), а при полициската контрола биле затекнати осум лица кои, според нивните изјави, се државјани на Авганистан.
Возачот бил задржан во Полициската станица во Неготино, додека мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија.






