Најмалку 39 лица загинале во судирот на два брзи воза во шпанската провинција Толедо, соопштиле локалните власти за „Скај њуз“. Несреќата се случила нешто по 9 часот по локално време, меѓу местата Лос Јебенес и Урда, јужно од Мадрид.
Според шпанскиот управител на железничката инфраструктура Адиф, еден воз удрил во задниот дел на друг, објави 4news.mk По судирот е прекинат сообраќајот на брзата железничка линија Мадрид–Андалузија.
„Ел Паис“, повикувајќи се на сведоци, објави дека два вагона излетале од шините и паднале по насип. Според весникот, еден од возовите сообраќал од Мадрид кон Севилја.
На местото на несреќата се распоредени итните служби. Антонио Санз Кабељо соопшти дека андалузиската здравствена служба испратила мобилни единици за интензивна нега и возило за логистичка поддршка. Пријавени се повредени патници, но во најновите информации не е наведен нивниот број.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека е потресен од тешката железничка несреќа и изрази солидарност и поддршка за сите жртви.
Тој наведе дека е во постојан контакт со министерот за транспорт и со претседателот на регионот Кастиља-Ла Манча, додека службите на терен работат на згрижување на настраданите.
Причината за судирот засега не е соопштена. Бројот од најмалку 39 загинати е најновиот податок што го пренесе „Скај њуз“, по првичните информации за најмалку десет жртви.






