домаРегионТерористички напад во Белград – убиен малолетник

Терористички напад во Белград – убиен малолетник

- Advertisement -spot_img

Малолетник од Шабац синоќа со нож нападна припадник на Жандармеријата пред Амбасадата на Израел во Белград. Полицискиот службеник го усмрти напаѓачот во самоодбрана, а нападот се третира како терористички чин, пренесува Telegraf.rs. По инцидентот, низ цела Србија е прогласено највисоко ниво на готовност.

Нападот се случил петнаесет минути по полноќ. Според Министерството за внатрешни работи на Србија, малолетникот извикал „Алаху Акбар“ и со два ножа насрнал кон полицискиот службеник, при што полицаецот се здобил со исеченица на лицето.

Црвеното ниво на терористичка закана подразбира зголемено присуство на вооружени полициски патроли на улиците. Полициските службеници со целосна опрема обезбедуваат локации со голема фреквенција на луѓе, како што се трговски центри, станици и аеродроми, а засилено е обезбедувањето и на дипломатските претставништва.

Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изнесе детали за инцидентот и потврди дека напаѓачот им бил познат на безбедносните служби.

„Еден малолетник, за кого претпоставуваме дека е од Шабац, нападна припадник на Жандармеријата со два ножа, извикувајќи ’Алаху Акбар‘,“ изјави Дачиќ.

Тој додаде дека лицето било симпатизер на терористичка организација. „Тој е поддржувач на ’Исламска држава‘. Нашата служба го следеше. На својот профил на Инстаграм имаше објавено црно знаме и симболи на таа организација,“ појасни министерот, објави РТС.

Министерот Дачиќ и директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетија повредениот полицаец во болница. Неговата состојба е добра и се очекува денеска да биде пуштен на домашно лекување, додека истрагата е во тек.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img