домаМакедонијаДимитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември

Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември

- Advertisement -spot_img

Владата ги продолжи мерките за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 на 10 проценти, како и за намалување на акцизата за горивата, со рок на важење до 2 ноември 2026 година.

Информацијата преку својот профил на Фејсбук ја објави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според посочувањето на министерката, целта на оваа одлука е ублажување на ценовните притисоци врз малопродажните цени на нафтените деривати и намалување на финансискиот товар врз граѓаните и стопанството.

-Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и да преземаме навремени мерки за заштита на животниот стандард и зачувување на економската стабилност – истакна министерката за финансии.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img