домаЕкономијаЦената на бакарот расте побрзо од онаа на златото

Цената на бакарот расте побрзо од онаа на златото

- Advertisement -spot_img

Бакарот го надмина златото така што цената се зголеми за речиси 16 отсто, а побарувачката продолжува да расте.

Според податоците што ги објави CNBC, цената на бакарот од почетокот на годинава пораснала за 15,8 отсто, додека во последните 12 месеци има раст од над 30 отсто. За споредба, фјучерсите на златото од почетокот на годината се намалени за 4,11 отсто, а во последните 12 месеци за 4,52 отсто.

Бакарот, кој има широка примена во електрониката, градежништвото, транспортот и енергетиката, сè повеќе добива стратешко значење за државите и индустриите. Растечката потреба од сигурно снабдување со овој метал е еден од главните фактори што ја поддржуваат неговата цена.

Бакарот годинава бележи значително подобри резултати од златото на светските пазари, поттикнат од зголемената побарувачка во секторите на вештачката интелигенција, енергетската инфраструктура и одбранбената индустрија. И покрај неизвесноста на технолошките берзи, инвеститорите сметаат дека растот на цената на овој индустриски метал има потенцијал да продолжи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img