домаШоубиз„Животот е лото“ по мерак на обожавателите на Дарио

„Животот е лото“ по мерак на обожавателите на Дарио

- Advertisement -spot_img

Популарниот кантавтор знае да го погоди вкусот на публиката!

Вечниот и секогаш популарниот кантавторот Дарио има нова песна и веќе нов хит, со насловот „Животот е лото“. Вели дека со ваква весела песна сака да го нагласи токму тоа, дека животот треба да се живее по сопствен избор, весело, динамично, а на проблемите да се гледа како на нешто што поминува. Самата песна има шармантен медитерански звук со многу певлив рефрен. Музиката и текстот се на Дарио, а аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник и пријател, Кристијан Габроски (Ристо Бомбата).

– Текстот има јасна порака, се раскажува животот кој е навистина како лото, во зависност од тоа што ќе извлечеш, од сите тие  подеми, падови, желби, очекувања, тајни, радости, таги, вели распеаниот Дарио, кој секогаш, со секоја нова песна, знае и многу добро да се дотера. Тој во декември, минатата година, го издаде албумот „Ковчег со злато“, а со оваа „Животот е лото“ има уште една песна по мерак на обожавателите.  (Д. М.)

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img