домаМакедонијаУрсула фон дер Лајен утре доаѓа во Скопје: Што ќе донесе претседателката...

Урсула фон дер Лајен утре доаѓа во Скопје: Што ќе донесе претседателката на Европската комисија?

- Advertisement -spot_img

Патоказ до Брисел, ЕУ-претставник во дијалогот со Бугарија или старо-новата порака за уставните измени — што ќе донесе Урсула фон дер Лајен во дипломатскиот куфер утре во Скопје?

Шефицата на Европската комисија утре ја завршува регионалната турнеја во Скопје. По посетите на земјите од регионот, на маса се европскиот пат, постепената интеграција и Планот за раст.

Од Тирана, Фон дер Лајен ја најави новата стратегија за проширување и порача — следната недела на маса ќе биде и буџетот за Унијата да се осигури дека е подготвена за нови членки.

Урсула фон дер Лајен претседателка на Европска Комисија : Вие во Албанија се подготвувате, а и ние исто така, бидејќи проширувањето е двонасочен процес, а и Европската Унија мора да биде подготвена да прими нови членки.Токму затоа, следната недела ќе ги претставиме нашите таканаречени прегледи на политиките пред проширувањето, односно, со други зборови, ќе ги разгледаме нашите институции, ќе ги разгледаме нашите политики и, се разбира, ќе го разгледаме и нашиот буџет за да се осигуриме дека нашата Европска Унија е подготвена да се прошири и да прими нови членки

А додека шефицата на ЕК е во регионална обиколка, Јохан Вадефул министерот за надворешни работи на Германија побара проширувањето на ЕУ да се забрза, поради растечко влијание на Русија и Кина во регионот, објави германската новинска агенција ДПА.

Јохан Вадефул МНР Германија : Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е клучен тест за Европа. Тоа ќе биде одлучувачко за тоа какво влијание ќе има ЕУ во наредните децении.

Вчера бриселски Политико објави дека ЕУ ќе го отвори единствениот пазар за земјите кандидатки, но дека во Брисел постои страв дека Македонија, Косово, БиХ, Србија и Турција – земјите каде европскиот пат се одолговлекува, може да изгубат интерес или да се свртат кон Русија или Кина.

Бриселскиот портал, објави и дека ЕУ спрема „патокази“ за 4те земји фаворити ( Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија) за членство, а Македонија не е на листата. Премиерот Мицкоски пак порача дека нема инфорамција за таква одлука и дека не знае дали истата е точна.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img