За денеска, 18 ноември, е објавено жолто метеопредупредување за пообилни врнежи од дожд и повремено силен ветер од југозападен правец.
Се очекуваат врнежи над 15 литри на квадратен метар, а брзината на ветерот повремено ќе надминува 80 километри на час.
Според објавената карта, предупредувањето ги опфаќа западните и дел од југозападните подрачја, вклучително и Пелагонија. На картата се означени предупредувања за дожд и ветер во западните делови, а за силен ветер и во Пелагонискиот Регион.






