домаМакедонијаПомал откуп на земјоделски производи – годишен пад за 13,5 проценти во...

Помал откуп на земјоделски производи – годишен пад за 13,5 проценти во третиот квартал

- Advertisement -spot_img

Државниот завод за статистика го потврди она за што се жалат земјоделците. Во третиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 13.5 проценти. Истовремено кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 3,7 проценти.

Државниот завод за статистика информираше и дека вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во третиот квартал е 4,7 милијарди денари (речиси 77 милиони евра). Но, ако овој износ се спореди со ланскиот, кога во третиот квартал продажбата „тежела“ 84,4 милиони евра, намалувањето е за 8,8 проценти.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img