домаМакедонијаНБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника поврзано со АЛТА банка!

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника поврзано со АЛТА банка!

- Advertisement -spot_img

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника поврзано со АЛТА банка, потврдија за Инфомакс од Народната банка.

– Народната банка поднесе пријави до Основното јавно обвинителство Скопје поради јавни изјави со сериозни и непоткрепени обвинувања поврзани со „АЛТА банка“ АД Битола, велат од НБРМ.

Од НБРМ потврдуваат дека кривичните пријави се против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски и потпретседателот на партијата Александар Трајановски, а поради непоткрепени обвинувања кои ја нарушуваат довербата на клиентите.

Претходно премиерот Мицкоски повика Обвинтелството да преземе мерки поради ширењето на паника за Алта банка, а во врска со кривичното дело „саботажа“.

Денес во Комисијата за финансирање и буџет при Собранието на РМ се одржува и надзорна расправа на оваа тема, каде до овој момент сведочеа премиерот Мицкоски, гувернерот Трајко Славевски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и вице-гувернерката на НБРМ, Ана Митреска.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img