Утре од 8 часот без вода ќе останат жителите на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во општина Аеродром.
Прекинот е поради планирана интервенција на водоводната мрежа, односно поради изведување водоводен приклучок со профил Ф-150 мм на булеварот, во близина на полициската станица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8 часот и ќе трае до завршување на работите.






