Две лица се повредени во пукање што утрово околу 8 часот се случило во Првата техничка школа во Крагуевац, Србија. Напаѓачот е совладан, пренесуваат српските медиуми.
Според неофицијални информации на „Време“, во училиштето влегол 17-годишен ученик вооружен со малокалибарско оружје, со кое ги повредил хигиеничарка и уште една жена вработена во училиштето.
На местото на настанот се испратени полициски сили и екипи на Итната медицинска помош. Пристапот до училиштето е целосно блокиран.
Информациите за пукањето првично се појавија на социјалните мрежи, а засега нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на повредените, напаѓачот и околностите на инцидентот.






