домаМакедонијаПациенти се разнесуваат по градови за чистење декубитални рани

Пациенти се разнесуваат по градови за чистење декубитални рани

- Advertisement -spot_img

Млада пациентка, којашто поради болеста е неподвижна и со декубитална, односно рана од лежење, матичната лекарка морала да ја прати во хируршкиот центар во Тетово.

Докторката издала приоритетен упат, немала можност да закаже во „Мој термин“. Но, ова не значи дека работата ќе се заврши и раната ќе биде исчистена, зашто може да биде вратена. А, за транспортот е потребно медицинско возило. Колку е сложен овој проблем, докторката ни раскажа преку практичен пример од пред неколку дена.

Најчесто овој транспорт се прави со возилата на Брзата помош. Од Скопје до Тетово чини 2.500 денари, до Битола чини 7.000 денари, за Штип 5.000 денари.

Од Министерство за здравство не ни одговорија дали во Скопје има центар и мобилни тимови за домашна посета на пациенти со декубитални рани и што ако раната треба хируршки да се третира, дали тоа може да се направи во најблиската установа којашто врши хируршки интервенции, или мора да се упатува во друг град.

Матичните лекари се прашуваат зошто здравствената нега којашто ја добивале некогаш пациентите, веќе ја нема.

Ако порано декубиталните рани во две третини од слуачите имале пациенти во поодминати години, сега многу млади се врзани за кревет и развиваат рани.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img