ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Венко Филипче не го закажуваат продолжението на надзорната расправа за Алта банка откако, според партијата, во јавноста излегле информации дека тие продале државни акции на Мацура и на Алта банка.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведоа дека СДС и Филипче не објасниле зошто во 2023 година не ја информирале јавноста за продажбата на државните акции на Мацура и на Алта банка. Партијата тврди дека Филипче и СДС молчат поради можноста во јавноста да излезат дополнителни информации.
Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ оцени дека кампањата на СДС и Филипче против Алта банка била политичка хајка зад која, според партијата, стоеле бизнис-мотиви на лица блиски до СДС, Филипче и кланот Заеви.
„Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






